Официјална посета на сестринската библиотека во Бољевац, Република Србија
10.09.2025

Во рамки на програмата, библиотеката од Бољевац организираше низа културни настани, на кои беа претставени и традиционалните вкусови од Тиквешкиот регион – меѓу кои и познатото кавадаречко грозје.
Директорот на нашата библиотека присуствуваше и на свечената седница на Општина Бољевац, а заедно со директорката на библиотеката од Бољевац, делегацијата од Кавадарци беше гостин и на свечениот ручек организиран од градоначалникот на Општина Бољевац.
