Пехарот за „Свети Трифун“ за најдобрите поети
11.02.2020
Во вторникот, на 11 февруари 2020, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ се оддржа поетскиот настан “Пехарот на Свети Трифун“. Настанот беше по повод конкурсот за најдобра необјавена поетска творба посветена на празниците Свети Трифун и Свети Валентин на тема “Еден ден, а две слави“ и беа доделени наградите за најдобрите творби. Наградите се доделувааа во две возрасни категории: Прва од 13 до 19 години и Втора над 19 години. Во првата категорија наградите ги добија: 1 место – Марија В‘чкова; 2 место – Љупче Лалков и 3 место – Надица Коцева. Во втората категорија наградите ги добија: 1 место – Љупчо Атанасов; 2 место – Ангел Јанев и 3 место – Љиљана Атанасова. Гран при за најдобра песна освои Тодорка Андова. Настанот музички го збогати групата “Акустико“ од Кавадарци. “Пехарот на Свети трифун“ е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Библиотека “Феткин“ Кавадарци.