По повод Денот на македонскиот јазик, Библиотека Феткин, организираше настан за обележување на овој значаен празник


05.05.2023

05 Мај – Денот на макдедонскиот јазик

По повод Денот на македонскиот јазик, Библиотека Феткин, организираше настан за обележување на овој значаен празник. Директорот на библиотекаата ги пречека децата од големата група од објектот Сонце од Градинката Рада Поцева и воспитачките Јасминка Илиевска и Даниела Алексова. Се разговараше за важноста на македонскиот јазик, но се читаа и приказни за кириличните букви, македонски народни приказни, и приказни за животните. Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик.