По повод Неделата на детето, во нашата библиотека денес гостуваа најмалите ученици – првачињата од ООУ „Страшо Пинџур“


06.10.2025

Недела на Детето
По повод Неделата на детето, во нашата библиотека денес гостуваа најмалите ученици – првачињата од ООУ „Страшо Пинџур“
Со многу љубопитност и насмевки, дечињата се запознаа со тоа што претставува градска библиотека, како можат да позајмуваат книги и колку магија се крие меѓу полиците.
Им читавме бајка и неколку интересни извадоци од детски енциклопедии, а тие ни возвратија со смеа и искрени детски прашања.