Подарок за основните училишта од Општина Кавадарци
27.10.2026
Денес, во просториите на ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, директорот на библиотеката, заедно со раководителот на Секторот за образование при Општина Кавадарци, им ги доделија наставните средства на основните училишта од општината, обезбедени како подарок од издавачката куќа ТРИМАКС.
Овој вреден подарок беше обезбеден во рамки на работилницата што ја организираше Библиотека „Феткин“ во соработка со издавачката куќа ТРИМАКС, како израз на поддршка за унапредување на наставниот процес и збогатување на образовните ресурси во основните училишта.
Со оваа иницијатива уште еднаш се потврдува значењето на соработката меѓу културните и образовните институции и општествено одговорните компании, насочена кон создавање подобри услови за работа на наставниците и учење на учениците.
Библиотека „Феткин“ упатува искрена благодарност до издавачката куќа ТРИМАКС за овој подарок и за препознавањето на значењето на вложувањето во образованието и младите генерации.
Кога знаењето се споделува, придобивките ги чувствува целата заедница!







