Поетска вечер посветена на роднокрајните поетеси Данче Христова Младенова и Валентина Младенова Куковска
17.01.2026
Со голема чест ве покануваме на поетска вечер посветена на роднокрајните поетеси
Данче Христова Младенова и Валентина Младенова Куковска,
каде ќе бидат промовирани три поетски збирки од двајца автори, со учество на два тима за промоција.
На настанот ќе ја промовираме најновата збирка поезија
„Ќе дојде ден“ од Данче Христова Младенова,
во издание на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци,
како и збирките поезија на Валентина Младенова Куковска:
„Твојот лик од спротивa“
„Нарцис о иднина / Нарцис о топија“
Ве очекува вечер исполнета со стихови, емоции и средба со современата поетска мисла, во чест на авторките кои со своето творештво го збогатуваат македонскиот литературен простор.
