Поетската манифестација „Пролет, љубов, смеа“


11.04.2019

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 април, библиотеката „Феткин“ ,се приклучува на поетската манифестација „Пролет, љубов, смеа“. Манифестацијата е од натпреварувачки карактер. Поетските творби се на тема „Пролет, љубов, смеа“. Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории:
– млади поети од VI до IX одд.
– младинци до 18 години

Ве молиме вашите творби со име ,презиме, категорија и телефонски број, да ги испратите на нашата е-mail: fetkinbiblioteka@gmail.com или во просториите на библиотеката до 17 април 2019 год.