Покана: „Обои ги моите омилени ликови од бајките“


15.07.2026

Петок 17 јули, 20.00 часот, Градски плоштад

Драги дечиња, ве очекува свет исполнет со бои, фантазија и омилените бајки!

Библиотека „Феткин“, во рамки на Кавадаречко културно лето, ве поканува на креативниот настан „Обои ги моите омилени ликови од бајките“.

Дојдете да ги оживееме заедно најпознатите јунаци од бајките, да цртаме, боиме, другаруваме и да создадеме незаборавни спомени исполнети со насмевки и детска креативност.

Ги покануваме сите најмали жители на Кавадарци да ни се придружат и да бидат дел од оваа весела бајковита авантура!

Понесете добро расположение – за боите и забавата ќе се погрижиме ние!

Ве очекуваме!