Покана: Промоција и драматизација на детската книга „Непослушната Свиленка“ од Ана Дедова
19.10.2026
Ве покануваме на едно волшебно книжевно дружење!
ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци, во соработка со Здружението за социо-културен развој, STEAM едукација и иновации „АСТЕРА“ Кавадарци, ве покануваат на промоција и драматизација на детската книга „Непослушната Свиленка“ од Ана Дедова.
Ве очекува една волшебна приказна исполнета со детска фантазија, дружење и радост, која ќе ја оживееме низ драматизација и ќе ги поттикнеме љубовта кон книгата и магијата на раскажувањето.
Датум: 19 октомври 2026 година (понеделник)
Почеток: 18:00 часот
Место: ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци
Дојдете да уживаме во светот на детската книжевност и заедно да откриеме дека секоја книга крие едно ново волшебство!
