Приказни од моето маало


20.06.2022

„Приказни од моето маало“ е патувачка авантура во вашите маала преку која ги истражуваме најубавите приказни раскажани низ детската креативност и фантазија. Овој пат ќе се дружиме со нашите другарчиња од Кавадарци…
Сите се возбудени што едно слонче како мене со радост патува и споделува приказни полни љубов и забава. Овој пат сум премногу возбуден, бидејќи ќе го посетам градот на Мазев, Чемерски и Никола Бадев. Патуваме по патот на гроздоберот, на прекрасната природа и специфичните обичаи во овој регион.
Со најмладите читатели на Библиотеката „Феткин“ ќе твориме на тема природа, екологија и ќе научиме нешто за реупотребата на материјалите на креативен начин.
Едвај чекаме да запознаеме нови другарчиња, нови раскажувачи и уметници.
Важни се луѓето и нивните приказни!
За нас најважни се оние ЗА и ОД децата.