Продолжува „Неделата на детето“ во Библиотека „Феткин“
05.10.2026
Нашето дружење со најмладите читатели продолжува! Со особено задоволство ги пречекавме и првачињата од ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци.
И за нив подготвивме посебна програма исполнета со приказни, сликовници и многу детска љубопитност. Малите ученици имаа можност да се запознаат со библиотеката, да дознаат што сè можат да најдат во неа, а потоа да уживаат во заедничкото читање и разгледување на најубавите сликовници.
Најубаво е кога библиотеката е исполнета со детски гласови, насмевки и љубопитни прашања.
„Неделата на детето“ продолжува, а со неа и нашето дружење со сите првачиња од Општина Кавадарци!
Добредојдовте во светот на книгите, драги првачиња!














