Проекција на цртан филм „Алиса во земјата на чудата“
27.01.2012
По повод 180 години од раѓањето на Луис Карол, автор на детската книга ,,Алиса во земјата на чудата,, , Библиотеката ,,Феткин,, – Кавадарци заедно со Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци организираат проекција на цртан филм, по истоимената книга, на 27ми јануари во 12 и 13 часот во големата сала на Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе,, .
Луис Карол е псвдоним од Чарлс Лудвиг Доџсон. Роден е 1832 година во англискиот град Дерсбери. Тој е познат англиски писател и математичар, чии две приказни за патувањето на ,,Алиса во земјата на чудата,, станаа класици во детската книжевност. Луис Карол своето образование го стекнал на Оксфорд каде предавал математика од 1855 до 1881 година. Станал свештеник 1861 год. Четири години покасно детските приказни кој и ги раскажувал на Алиса Мидл, ќерката на неговиот декан на колеџот, се објавени под насловот ,,Алиса во земјата на чудата,, и веднаш постигнале значаен успех. Продолжетокот на оваа приказна ,,Лов на огледало,, објавен е 1872 година и бил еднакво популарен.
Ч.Л.Доџсон пишувал и хумористични стихови, а има напишано и неколку математички дела.