Промоција на книгата “Автопатот за Делфи“ од авторот Тодор Богев од Кавадарци


26.05.2023

На 26 мај 2023, Библиотека Феткин и Домот на Културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, организираа промоција на книгата “Автопатот за Делфи“ од авторот Тодор Богев од Кавадарци.
Промоцијата беше мултимедијален настан, со поезија, музика, дегустација на вина од тиквешки семејни винарии и млечни производи од Тиквешијата, како и мини изложба на графити.