ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАЈКО, КАМЕН ДА БЕШЕ ЌЕ ПУКНЕШЕ“ од Диме Ристов – Кана
27.06.2025
Синоќа Библиотека Феткин означи почеток на „Кавадаречко културно лето 2025“ со промоцијата на монографската публикација на која е издавач Библиотека Феткин со наслов Мајко, Камен да беше ќе пукнеше, од роднокрајниот автор Диме Ристов – Кана.
Промоцијата се одржа во кино салата на Домот на култура во Кавадарци. Промотор на книгата беше професорката Васка Петкова а извадоци од книгата читаше Лара Росоманска.
Книгата го раскажува видувањето на авторот за одговорноста на родената мајка во однос на тешката судбина на двете сопствени деца дадени на посвојување.
Мајко, камен да беше ќе пукнеше, уште денес може да се најде на полиците на Библиотека Феткин Кавадарци.