Промоција на книгата „Петте скриени светови на волшебниците“ од Александар Ресавски
20.01.2026
Библиотека „Феткин“ – Кавадарци со големо задоволство ве поканува на промоција на книгата
„Петте скриени светови на волшебниците“ од Александар Ресавски,
третата книга од серијалот „Авантурите на Виктор“.
Ова возбудливо продолжение ги води читателите во нови магични светови, полни со тајни, предизвици и незаборавни авантури. Книгата е во издание на Библиотека „Феткин“, со што со гордост го поддржуваме домашното творештво и љубовта кон книгата.
Ве очекуваме да заедно ја одбележиме оваа литературна магија и да уживаме во дружење со книгата и нејзините создавачи.
