Промоција на книгата “Рани од екстаза“ од Ефтим Клетников


17.03.2023

Во четвртокот, на 16 март 2023, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се оддржа промоција на новото поетско дело “Рани од екстаза“ на познатиот македонски писател Ефтим Клетников. За книгата зборуваа директорот на Библиотеката “Феткин“ Петар Гурев и директорката на Дом на култура Кавадарци Јулијана Туриманџова . Извадоци од книгата прочитаа ученици од ЗШУЦ “Ѓорче Петров“ Кавадарци, додека за музичките точки се погрижија ученици од ОМБУ “Лазо Мицев рале“ Кавадарци Настанот беше во организација на Библиотека “Феткин“ Кавадарци и Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.