Промоција на книгата „Враќањето од Делфи“ од роднокрајниот автор Тодор Богев, во издание на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци


17.01.2026

Синоќа, во просториите на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, се одржа промоција на книгата „Враќањето од Делфи“ од роднокрајниот автор Тодор Богев, во издание на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци.
Романот „Враќањето од Делфи“ нè запознава со главниот лик Благоја, кој тргнува во своевидна аматерска, антрополошка потрага по одговори на најкрупните прашања за физичката и менталната конструкција на човекот – каде се скриени неговите вистински моќи и капацитети.
Оваа потрага не се одвива надвор од секојдневието, туку токму низ него. Низ животниот пат на Благоја, читателот патува низ интересни градови и места во Грција, Македонија и Хрватска, запознава необични и инспиративни ликови и сведочи на несекојдневни животни моменти. Книга која поттикнува размислување, самоспознавање и духовно патување.
Со особена гордост ви ја препорачуваме „Враќањето од Делфи“ – дело што заслужува внимание и читање.