Промоција на збирката поезија „Ќе дојде ден“ од роднокрајната поетеса Данче Христова Младенова, во издание на Библиотеката „Феткин“


21.01.2026

Синоќа, во Библиотеката „Феткин“, се одржа промоција на збирката поезија „Ќе дојде ден“ од роднокрајната поетеса Данче Христова Младенова, во издание на Библиотеката „Феткин“.
Во рамки на вечерта беа промовирани и двете збирки поезија на нашата роднокрајна авторка, која живее и твори во Белград, Валентина Младенова Куковска –
„Твојот лик од спротија“ и
„Нарцис од иднина“.
Настанот помина во топла и инспиративна атмосфера, исполнета со поетски збор, емоции и гордост за творештвото на нашите авторки.
Благодарност до сите од тимот за промоција, што ја збогатија оваа поетска вечер.