Библиотека „ФЕТКИН“ организира промоција на Книгата „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев


28.11.2022

На 30.11.2022 (Среда) со почеток во 18 часот Biblioteka Fetkin-Kavadarci организира промоција на Книгата „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев .
Делото е „триаголник скроен од наука, интрига и авантура“ – тројца еминентни професори по археологија, поранешни колеги на факултет, ги обединуваат своите сили во остварување на нивниот сон – да го пронајдат гробот на Александар Македонски.
Потрагата започнува во Александира, но по откривањето на неколку артефакти, тие се префрлуваат на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос на археолошкиот локалитет Стоби, се приклучува во тимот и се покажува како клучен играч во истрагата, но запаѓаат во замка…