Промовирана монографијата „Вистински фудбалски и судиски приказни“ за 65 години Ф.К. „Габер“


08.07.2026

Синоќа, во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“, ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци организираше промоција на монографијата „Вистински фудбалски и судиски приказни“ од Ристов Диме – Кана, чиј издавач е Библиотека „Феткин“.

Ова значајно дело е посветено на големиот јубилеј – 65 години од основањето на Ф.К. „Габер“ – Ваташа, претставувајќи драгоцено сведоштво за богатата фудбалска традиција, спортските успеси и луѓето кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот.

Благодарност до авторот, промоторите, љубителите на спортот, пријателите на книгата и бројната публика што со своето присуство ја збогатија оваа незаборавна вечер. Продолжуваме да ја чуваме и промовираме локалната историја и културното наследство преку изданија кои остануваат за идните генерации.