Регионална средба со носителите на проектот ,,Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност”


06.10.2023

На 05.10.2023 г. во ЈОУ- Библиотека ,,Феткин”- Кавадарци, се одржа регионална средба со носителите на проектот ,,Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност”, Јелисавета Костадиновска, Јана Михајловска и Наум Ѓоршевски. Проектот е на Библиотекарското здружение на Македонија, а поддржан од Министерството за култура на РСМ, со основна цел, вклучување на библиотеките во Светската мапа на библиотеки (ИФЛА), воочување на реалните услови за работа на библиотеките, а стана збор и за законските регулативи. На средбата беа присутни претставници од библиотеките од Кавадарци, Велес, Неготино, Демир Капија и Валандово како и библиотеки од основно и средно училиште од Кавадарци.