Роденден на Пипи Долгиот Чорап


21.05.2021

Швеѓаните денес го слават 75-от роденден на најпознатиот имагинарен лик кој потекнува од нивната земја. Зошто Пипи Долгиот Чорап е една од најчитаните детски книги досега и е инспирација за толку многу генерации ширум светот?
Тоа се случило во Шведска во 1941 година кога Астрид Линдгрен седела на креветот на нејзината болна ќерка Карин. Таа и предложила на нејзината мајка да и раскаже за „Пипи Долгиот Чорап“ – спонтано и паднало на ум името на девојчето.
Така Астрид Линдгрен започнала да зборува. Таа измислила девојка со црвени плетенки, чија мајка е ангел и татко е крал на Јужното Море, и која – освен мајмунот на г-дин Нилсон и коњ чие име не е споменато во оригиналните дела – живее сама во Вила Вилекула.
Првата книга е објавена во 1945 година, но не на 21 мај. Но, тој ден е роденден на Карин Ниман, ќерка на славниот автор за кого е замислена приказната. Затоа Швеѓаните на овој ден традиционално го слават роденденот на Пипи Долгиот Чорап.