Се одржа петтата меѓународна конференција во оргнизација на Библиотеарското Здружение на Македонија (БЗМ)
16.05.2025
На 15 и 16 мај 2025 година во Хотел Глориус во Велес се одржа петтата меѓународна конференција во оргнизација на Библиотеарското Здружение на Македонија (БЗМ) на која присуствуваа библиотекарите на Библиотека Феткин Кавадарци.
Конференцијата ја отвори Министерот за култура и туризам Зоран Љутков а учество земаа библиотекари од Мкедонија, Србија, Индија, Словенија, Република Српска, Хрватска.
Тема на овогодинешната конференција беше: “Услуги за корисници со посебни потреби и лица со попреченост” на која библиотекарите дадоа посебен осврт кон нашата улога во животот на овие категории на граѓани.