Статистички податоци за работата на библиотеките, рамноправни членки на системот COBISS за 2022 година


28.04.2023

🙏БЛАГОДАРНОСТ🙏
Денес, од страна на ВБМ центарот на НУБ „Св.Климент Охридски“ Скопје, Пристигнаа статистичките податоци за работата на библиотеките , рамноправни членки на системот COBISS за 2022 година.
COBISS системот е официјален систем за работа на библиотеките на целиот Балкан и е поддржан од Министерството за Култура.
Според овие податоци, ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци е една од најснабдените и најпосетуваните библиотеки во републиката.
Би сакале да им се заблагодариме на нашите читатели за укажаната доверба, а на Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци за поддршката кон постигнување на овие бројки.
Ви благодариме, ова е само поттик за да продолжиме да бидеме уште подобри.
Тим на Библиотека Феткин Кавадарци.