Свечено отворена читална „Блаже Ристовски“ во ЈОУ Библиотека „Феткин“
15.10.2026
По повод 95-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски, во ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци свечено беше отворена академската читална што го носи неговото име.
Овој значаен настан претставува израз на почит кон ликот и делото на академик Блаже Ристовски, еден од најистакнатите македонски научници, историчари и истражувачи, кој остави неизбришлива трага во македонската наука, култура и национална историја.
Со отворањето на академската читална „Блаже Ристовски“, библиотеката добива нов простор посветен на знаењето, образованието, науката и истражувачката дејност, кој ќе биде од особено значење за учениците, студентите, истражувачите и сите љубители на пишаниот збор.
Оваа читална не е само нов простор за учење и истражување, туку и траен спомен на еден голем македонски интелектуалец, чие богато научно и културно наследство продолжува да ги инспирира идните генерации.
Општина Кавадарци продолжува да ја поддржува културата, образованието и развојот на библиотечната дејност, создавајќи подобри услови за стекнување знаења и зачувување на македонското културно и историско наследство.

















