Светски ден на книгата и учество на библиотека “Феткин” на манифестацијата “Пролет, љубов, смеа”


29.04.2022

По повод Светскиот ден на книгата, Библиотека “Феткин ” учествуваше на манифестацијата “Пролет, љубов, смеа” организирана од Дом на култура “Крсте Мисирков” Свети Николе. Претставници на нашата Библиотека учествуваа на наградниот конкурс во категорија: ученици од V до IX одд. ученичката Надица Бакалова од ООУ “Димката Ангелов Габерот”, Ваташа под менторство на професорот по македонски јазик Јанушка Милкова и претставничката Драгица Тасева од СОЗШУ “Ѓорче Петров “, под менторство на професор Влатко Тасев во категоријата младинци до 18 години . Нашата претставничка Драгица Тасева го освои првото место во категорија младинци до 18 год.. Честитки до учесниците и менторите. Денес за наше задоволство на учесничките им се додели бесплатно членство и книга како благодарност за достојно претставување на нивната матична библиотека.