Ученици од ООУ„Страшо Пинџур“ се запознаа со творештвото на поетесата Марика Тапанџиева


12.11.2021

Во просториите на библиотеката „Феткин“, учениците од ООУ„Страшо Пинџур“ со наставничката Тодорка Каровска и Весна Серафимовска имаа средба со авторките на детски книги Марика Тапанџиева (Марија Џоџа Симон) од Битола и Тодорка Андова. Учениците се запознаа со творештвото на поетесата Марика Тапанџиева и добија подарок книга за деца од самата авторка.