Успешно одржан настанот „Обој ги твоите омилени ликови“


31.07.2026

Во прекрасна атмосфера исполнета со насмевки, боички и детска креативност, успешно се одржа настанот „Обој ги твоите омилени ликови“ во организација на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, во рамките на „Кавадаречко културно лето“.

Градскиот плоштад вечерва беше исполнет со многубројни дечиња кои со голем ентузијазам ги оживеаја своите омилени ликови, создавајќи вистинска шарена галерија од детски творби.

Благодарност до сите деца и родители кои беа дел од оваа прекрасна вечер и придонесоа со своето присуство, насмевки и позитивна енергија.

Ве известуваме дека од 1 до 9 август не се планирани настани во склоп на Кавадаречко културно лето. Продолжуваме со уште поубава енергија од 10 август.