УСПЕШНО ЗАВРШИ ЛИТЕРАТУРНИОТ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „КАВАДАРЕЧКИ ПОЕТСКИ АНСАМБЛ“


29.09.2023

На националниот конкурс кој го организираше Библиотека Феткин Кавадарци во соработка со нашата сограѓанка Милица Паулус а кој траеше од 13.09.2023 до 23.09.2023г, пристигнаа повеќе од 160 ПОЕТСКИ ТВОРБИ.
Поради големиот интерес и тешката работа на жири комисијата за одлуки, наградниот фонд беше проширен од првопланираното.
Благодарност до жири комисијата во состав:
Проф. Христина Алексовска
Проф. Марија Брндевска
М- р Проф. Десанка Николова
А посебна благодарноист до Дипл. писател Проф. Милица Паулус за успешната соработка.
Дипломите, Признанијата и Благодарниците ќе бидат испратени во текот на викендот во вашите електронски поштенски сандачиња.
Ви благодариме на учеството и ве охрабруваме да продолжите со литературно творење.