Во Библиотека „Феткин“ Кавадарци, допатува Слончето Халки како дел од карванот „Приказни од моето маало“


24.06.2022

„ПРИКАЗНИ ОД МОЕТО МААЛО“
–Во Библиотека „Феткин“ Кавадарци, допатува Слончето Халки како дел од карванот „Приказни од моето маало“, воедно се одржа креативна работилница во организација на Халкбанк АД Скопје на која учествуваа околу шеесет деца од градот. Тие од рециклирани материјали креираа големи букви со порака: „Планетата е нашиот дом“, која беше поставена пред зградата на Општина Кавадарци. Дополнително, вредните детски раце создадоа и повеќе од 40 цртежи со еко-пароли и мотиви.
Халкбанк донираше детско катче, книги и сликовници за деца. Целта на овој чин е да се поттикнат децата почесто да ги посетуваат библиотеките
Само преку читање книги можеме да изградиме здрави и успешни локални заедници“, рече Петар Гурев, директор на Градската библиотека „Феткин“ Кавадарци.