Во Библиотеката „Феткин“ во Кавадарци, заедно со амбасадорката на Кралството Холандија ,нејзината екселенција г-ѓа Озлем Џанел и Градоначалникот г-дин Митко Јанчев го отворивме Холандското катче – простор посветен на холандската литература и култура
27.01.2026
Денес, во Библиотеката „Феткин“ во Кавадарци, заедно со амбасадорката на Кралството Холандија Embassy of the Netherlands in North Macedonia ,нејзината екселенција г-ѓа Озлем Џанел и Градоначалникот г-дин Митко Јанчев го отворивме Холандското катче – простор посветен на холандската литература и култура.
Оваа иницијатива е резултат на соработката што ја започнавме уште минатата година со Холандската амбасада, а денес таа соработка се заокружува со донација на повеќе наслови од холандски автори. Со ова, библиотеката го збогатува својот книжевен фонд и им нуди на читателите можност да се запознаат со холандската книжевна сцена.
Веруваме дека Холандското катче ќе биде место на читање, учење и културна размена и дека ова е само почеток на една подолгорочна и плодна соработка.








