Во чест на Св. Кирил и Методиј
23.05.2021
Во предвечерието на Денот на сесловенските просветители на сите просветни работници им го Честитаме 24 мај, Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Денот на сесловенските просветители е ден кога им оддаваме почит на двајцата солунски браќа – Светите Кирил и Методиј, кои во IX век ја создале првата словенска азбука – глаголицата, направена врз база на словенските говори. Со тоа словенските народи се издигнале на едно повисоко културно ниво и се отворил патот за нивна христијанизација, така што богослужбените книги биле пишувани на, за нив, разбирлив јазик и писмо. Поради тоа, Св. Кирил и Методиј се познати и како Апостоли на Словените.
Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата која ден денес претставува официјално писмо на голем број народи во светот, вклучително и на македонскиот.
Датумот 24 мај е избран како Ден на словенските просветители затоа што на таа дата пред единаесет века започнала т.н. Моравска мисија, односно мисијата при која светите оци и учители, браќата Кирил и Методиј, нам и на сите словенски народи во наследство ни ја оставија азбуката, писменоста и духовноста.
Просветните работници ја имаат благородната мисија за образување на младите. Благодарност до сите просветни работници за сета лична заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат нашата иднината