Во духот на Неделата на детето, денес во ЈОУ Библиотека „Феткин“ ни гостуваа првачињата од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“


10.10.2025

Во духот на Неделата на детето, денес во ЈОУ Библиотека „Феткин“ ни гостуваа првачињата од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“. Со многу љубопитност тие дознаа што претставува библиотеката, како можат да станат нејзини членови и што сè може да се најде меѓу книгите. Им читавме приказна, разговаравме и се насмеавме заедно – затоа што секој нов читател е нов пријател на нашата библиотека! #БиблиотекаФеткин #Првачиња #НеделаНаДететo