Во Кавадарци промовирана книгата ,,Со солзи по патот на судбината” од Диме Ристов – Кана


19.04.2024

Книгата „Со солзи по патот на судбината” од Диме Ристов – Кана, беше промовирана синоќа во Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе”. Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето.

Актерот Диме Коцевски, зборувајќи за авторот и делото, нагласи дека станува збор за книга што остава голем впечаток, има добар материјал за еден преубав игран филм.

Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин”. Директорот на оваа културна установа, Петар Гурев, како промотор, рече дека даваат поддршка на авторите и литературните дела, па и на оваа автобиографија. Гурев нагласи дека книгата предизвикува изобилство на емоции.

– Радувајте се на животот, дарувајте љубов и среќа, животот не е играчка во рака, порача меѓу другото, самиот автор.

Извадоци од книгата, читаше Деспина Тодорова, ученичка во средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров”.

Извор: МИА