Во рамките на одбележувањето на Неделата на детето, ЈОУ Библиотека „Феткин“ ги отвори вратите за најмладите читатели – првачињата од ООУ „Гоце Делчев“.


07.10.2025

Во рамките на одбележувањето на Неделата на детето, ЈОУ Библиотека „Феткин“ ги отвори вратите за најмладите читатели – првачињата од ООУ „Гоце Делчев“. Вработените приготвија едукативна и забавна програма преку која децата се запознаа со улогата и значењето на градската библиотека. Посетата заврши со читање на бајка и извадоци од енциклопедии соодветни на нивната возраст. #НеделаНаДетето #ЈОУБиблиотекаФеткин #ОбразованиеИЧитање