„Во секое дете се крие иднината што ја градиме денес.“
20.11.2025
Библиотека Феткин денес го одбележува Светскиот ден на детето – датумот кога во 1959 година ООН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година и Конвенцијата која ги постави темелите за заштита, грижа и почитување на најмладите.
Нашата мисија е јасна: да создадеме простор каде најмладите ќе растат со љубов кон книгата, знаењето и слободната мисла. Со активности што поттикнуваат креативност, читање и детска радозналост, продолжуваме да вложуваме во највредниот капитал што го имаме – детето.
Денес потсетуваме дека секое дете има право на образование, на среќно детство и на светлина која ќе го води низ животот.
„Детето не го обликуваме според светот – туку светот го обликуваме според детето.“



