Животот е претстава без проба. Играј ја најдобро што можеш
27.04.2025
Некој ден ќе се разбудиме и ќе видиме: сцената е празна, светлата сè уште треперат, а во воздухот лебди еден глас што вели:
> “Животот е претстава без проба. Играј ја најдобро што можеш.”
– Горан Стефановски
На денешен ден е роден човекот кој од зборови ткаеше светови. Горан Стефановски ни покажа дека дури и кога сè се руши, духот може да остане исправен – со малку иронија, многу храброст и неизмерна љубов кон животот.
Среќен роденден, Горане. Засекогаш ќе бидеш со нас.