На денешен ден 1628 година роден е Шарл Перо автор на Црвенкапа


12.01.2022

На денешен ден 1628 година роден е Шарл Перо автор на Црвенкапа која добро ја знаат и најмладите и повозрасните, но секогаш е убаво да се препрочита и слушне како некој ви ја прераскажува
Станува збор за девојче наречено Црвенкапа, по црвената наметка што ја носи. Девојчето шета низ шумата за да ѝ однесе храна на својата болна баба но ја пресретнува волкот кој сака да ја изеде …
Шарл Перо (12 јануари 1628 – 16 мај 1703) се смета за основач на модерните европски бајки. По професија, адвокат, заедно со неговите браќа Пјер и Клод, покажаа интерес за литературата од своето време. Живеел во времето на класицизмот.
Перо се кренал против аристократскиот класицизам, борејќи се за воведување теми од секојдневниот живот. Земајќи инспирација од народот, но и надградувајќи го фолклорот со својот творечки дух, Перо на најдобар можен начин покажа колку се неизбежни искуствата на народната традиција доколку се искористат за создавање изворни книжевни дела.
Во 1696 година, без потпис, ја објавил својата прва приказна со наслов „Заспаната убавица“. Следната година ја објави својата прва книга со наслов „Приказни и бајки од античко време со поуки“. Покрај „Заспаната убавица“, има уште седум бајки: „Црвенкапа“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и други.