102 години по раѓањето на Блаже Конески


19.12.2023

БЛАЖЕ КОНЕСКИ е најзначајната фигура на македонскиот 20ти век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на МАНУ.
Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.