2 април – Светски ден на детската книга


04.04.2022

По повод 2 Април Светскиот ден на детската книга и роденден на Ханс Кристијан Андерсен , библиотека” Феткин ” ги повикa учениците од 1 до 9 одделение да го нацртаат омилениот лик од детска книга. Пристигнаа прекрасни цртежи со ликови од Снежана, Пинокио ,Петар Пан, Волшебникот од Оз, Мери Попинс, Зоки Поки , Гоце Делчев и др. Во среда сите ученици ќе добијат Благодарници и подарок книга а најдобрите и бесплатно членство во библиотеката за цела година.