Библиотека Феткин беше учесник на поетската манифестација “Пролет, љубов, смеа”


22.04.2024

Денес Библиотека Феткин беше учесник на поетската манифестација “Пролет, љубов, смеа” во организација на Библиотека Гоце Делчев Свети Николе. Наши претставници беа Зорица В’чкова од ООУ Гоце Делчев во катедорија млади поети од VI до IX одделение и Моника Чоклева од СОЗШУ Ѓорче Петров во категорија младинци до 18 години, која го освои второто место. На учесниците им честитаме а на менторите Весна Тодорова и Влатко Тасев им благодариме за соработката.