Библиотека „Феткин“ Kaвадарци денеска го прослави 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.


21.02.2024

Библиотека „Феткин“ и оваа година го слави 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Во соработка со СОШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци беше организирана едукативна работилница под наслов „Мајчиниот јазик-Тоа сум јас“. На работилницата учениците освен што укажаа на важноста од чување и негување на нашиот јазик, се читаа цитати од познати македонски дејци како и извадоци од Библијата и Куранот за значењето на јазикот и зборовите.