Библиотека Феткин Кавадарци потпиша меморендум за соработка со Библиотеката Вук Караџиќ од Општина Ковин, Република Србија


14.02.2024

Библиотека Феткин Кавадарци на 13.02.2024 г. Потпиша меморендум за соработка со Библиотеката Вук Караџиќ од Општина Ковин, Република Србија. Директорите на двете институции разговараа и донесоа предлог план за конкретни активности со временски рамки за имплементација на истите. Се надеваме на плодна соработка и унапредување на културата во двете општини.