Библиотека Феткин организираше Кавадаречки Поетски Натпревар


24.05.2024

На 23 мај, по повод Денот на сесловенските просветители “Св.Кирил и Методиј” 24 мај, Библиотека Феткин во соработка со Милица Паулус организираше Кавадаречки Поетски Натпревар. На натпреварот учество земаа 22 поети од Кавадарци кои ги читаа своите творби, на слободна тема. На натпреварот се доделија повеќе награди. Наградата за најдобра интерпретација ја доби Миланчо Пендев, Престижна награда доби Марија Камчева а Гран При наградата ја доби младата Викторија Недева. Професорот Влатко Тасев беше одликуван со златна плакета за посебен придонес во унапредувањето на литературата, поезијата и читачката култура помеѓу младите.
Останатите поети добија дипломи за прва, втора и трета награда.
Им честитаме на сите учесници и нека ни е среќен празникот