Библиотеките од Кавадарци и Бољевац организираа дегустација на вина од семејни винарии и читаа поезија


14.02.2023

Во предвечерието на Св. Трифун, Библиотека Феткин заедно со сестринска Библиотека Бољевац од Бољевац Република Србија, имплементираа манифестација под наслов “Поезија и вино”. Се читаше поезија на македонски и српски јазик, се дегустираше вино од семејна винарија Бошкови а за закуската беа задолжени Екстра Ване од Неготино. Голема благодарност за гостите и организаторите за прекрасната вечер. За многу години Св. Трифун, нека е бериќетна година.