Директорот на Библиотека Феткин Кавадарци, Петар Гурев, присуствуваше на манифестацијата “Велешка поетска вечер”


15.09.2023

Директорот на Библиотека Феткин Кавадарци, Петар Гурев, присуствуваше на манифестацијата “Велешка поетска вечер” во организацоја на Клуб на писатели “Коста Солев Рацин” и Библиотеката Гоце Делчев од Велес. Директорот прими Благодарница од страна на Директорката на библиотеката од Велес и Претседателката на клубот на писатели, со која се потврдува зајакнатата соработка помеѓу двете библиотеки и клубот.
Во рамки на манифестацијата се читаа дела на поети од повеќе градови а беа доделени и наградите за најдобри афоризматичари 2023 година.