Јавен оглас за вработување на извршител во ЈОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци на неопределено работно време
22.07.2022
Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените војавниот сектор (Сл.Весник на РМ. бр. 27/14, 199/14, 27/16 , 35/18, 198/18 и Сл.Весник на РСМ. бр. 143/19 И 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18,110/19 и 267/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во ЈОУ Библиотека “Феткин ” Кавадарци бр.01-119 од 14.08.2020 година, Согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансииски средства бр. 18-3079/2 од07.06.2022, Директорот на ЈОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци, објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на извршител во ЈОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци на неопределено работно време .
JОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци има потреба од вработување на неопределено работно време за следнoто работно место:
1.Давател на услуги – Библиотекар со шифра КУЛ 03 04 Д03001 во стручна служба………………………….1 (еден) извршител.
НАПОМЕНА: Предвиденото вработувањe согласно годишниот план на институцијата за 2022 година е: Македонец(ка)
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови :
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има здравствено и психофизички способности, утврдено од овластена здравствена установа;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови.:
– За ниво Д завршено Високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС и тоа Oбразование ,Наука за книжевност или економски науки
– со работно искуство 1 година;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски или германски);
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време за работните места под точка 1 : работни денови понеделник-петокØ работни часови неделно 40Ø работно време од 08:30 до 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата за работните места под точка 1 изнесува: 28.022,00 денари.
Јавниот оглас ке биде објавен во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Рокот за доставување на пријава за вработување е 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавување во дневните весници.
Постапка за селекција за вработување се состои од две фазии тоа:
Фаза 1: Административна селекција за проверка на веродостојност на доставените податоци и докази доставени на јавниот оглас;
Фаза2: Интервју
Ненавремената, нецелосната и неуредната документацијанема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати
Пријавата со целокупната потребна документација, да се достават до архива на ЈОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци, со назнака “за јавен оглас за вработување на неопределено време” во ЈОУ Библиотека “Феткин” Кавадарци.
Директор
Петар Гурев