Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите
11.04.2022
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, во просториите на Библиотека Феткин Кавадарци
ученици претставници од училиштето СУГС Шаип Јусуф од Шуто Оризари Скопје, во соработка со Средното училиште „Ѓорче Петров“ – Кавадарци и Библиотеката „Феткин“ – Кавадарци одржаа литературно читање и заедничко одбележување на празникот, преку заедничка дружба и интеркултурна размена.
![](https://bibliotekafetkin.mk/wp-content/uploads/2022/04/278319432_5298253600238325_2084186587681290637_n-1024x768.jpg)
![](https://bibliotekafetkin.mk/wp-content/uploads/2022/04/278164427_5298253556904996_2185869563976225849_n.jpg)