Организиран настан за одбележување на меѓународниот ден на детската литература


02.04.2024

По повод 2 Април, меѓународниот ден на детската литература, Библиотека Феткин Кавадарци и Сестринската библиотека Вук Караџиќ од Ковин Република Србија организираа настан за обележување на овој ден. Овој ден се празнува на роденденот на познатиот автор на детски бајки, Ханс Кристијан Андерсен и во соработка со Детксата Градинка Рада Поцева Кавадарци, се одржа настан на кој се читаше Бајката Принцезата на зрно грашок, потоа децата ги боеа ликовите од најпознатите бајки на Андерсен и за крај овие дела се изложени во нашата библиотека. На ист начин и со исти активности беше обележан овој ден и во просториите на Библиотеката во Ковин, а дечињата учесници можеа да се гледаат дирекно преку видео врска.