📚🍷 „Поезија и вино“ – петта година по ред во Библиотека Феткин Кавадарци


13.02.2026

Синоќа, во Библиотека Феткин Кавадарци, по петти пат се одржа традиционалната манифестација „Поезија и вино“, организирана во чест на големиот празник Свети Трифун, заштитник на лозарите и винарите.
Настанот беше реализиран во соработка со нашата сестринска библиотека Јавна библиотека “Бољевац” од Бољевац, Република Србија.
Присутните имаа можност да уживаат во читање на македонска и српска поезија, во интерпретација на Благица Чадамова и Данијела Миланова, како и во дегустација на вино од семејната винарија Винарија Зоков од ресавското виногорје. Настанот беше збогатен и со традиционалната кавадаречка равенија, подготвена по автентичен рецепт.
Библиотека Феткин Кавадарци и понатаму ќе продолжи да ја негува културната соработка и размената на книжевни вредности меѓу македонската и српската културна сцена, со цел ваквите настани да станат трајна традиција во културниот живот на градот.